[ВИДЕО] Големо невреме во Шпанија, еден загинат; летовите се откажани

Макфакс

17/09/2026

17:09

702

Големина на фонт

а а а

Во Шпанија силно невреме го зафати крајбрежјето околу Барселона и Валенсија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и една жртва. Поради обилните врнежи беа откажани и бројни летови, а спасувачките екипи пронајдоа починато лице кое било однесено од водата.

Едно лице загина во силното невреме што ги зафати областите околу Барселона и Валенсија на шпанското средоземноморско крајбрежје, предизвикувајќи поплави и прекини во сообраќајот.

Според извештаите на пожарникарите, еден маж бил однесен од водата заедно со својот автомобил додека се обидувал да помине преку поток, кој вообичаено е мал, во близина на Оливеља, југозападно од Барселона.

Спасувачките екипи го пронашле неговото тело неколку часа подоцна. Шпанскиот весник објави дека жртвата била британски државјанин кој живеел во таа област.

Во средата, во областа на Барселона за само неколку часа наврнаа и до 80 литри дожд на квадратен метар. Уште пообилни врнежи ја погодија Валенсија и околните подрачја, каде што беа регистрирани и до 100 литри дожд на квадратен метар.

Беа откажани летови, а локалниот сообраќај беше попречен и во Барселона и во Валенсија. Патиштата во североисточна Шпанија се претворија во буици, а беа поплавени и подруми.

Насловна фотографија генерирана со АИ