Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид – Св.Наум

Макфакс

17/09/2026

13:50

169

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, мотоциклист бил тешко повреден и пренесен во болница, а увид извршила полицијата.

Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 87-годишниот Д.Ј. од Скопје и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Х.П. од село Мислешево, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.