[ВИДЕО] Реакцијата на Харисон Форд по поздравот од комичарот на доделувањето на Еми наградите ги освои социјалните мрежи: Не бил воодушевен

Точка

15/09/2026

17:05

351

Големина на фонт

а а а

Американскиот стендап-комичар и актер Марчело Хернандез го поздравил Харисон Форд додека се обраќал од сцената на доделувањето на Еми наградите, а реакцијата на славниот актер масовно се споделува на социјалните мрежи.

Имено, Хернандез, откако излегол на сцената, рекол дека првпат е таму и дека сака да ја искористи можноста да поздрави неколку луѓе со кои можеби подоцна нема да има можност да се сретне.

Првата личност што ја споменал бил Харисон Форд, а се чини дека актерот не бил премногу воодушевен што се нашол на неговата листа.

Тој превртел со очите, а снимката од неговата реакција и киселата насмевка масовно се споделува на социјалните мрежи.

„Вие сте легенда и вистинска инспирација за мене и би сакал да ве поканам на вечера кај мене. Да, без никаков притисок“, рекол Хернандез.

Меѓутоа, Форд не бил воодушевен ниту од оваа покана. Камерата потоа се фокусирала на Зендаја, која била следна на неговата листа, а Хернандез го поздравил и Оскар Ајзак.

„Мрази да биде славен“

Снимката од реакцијата на Форд брзо се прошири на платформата Икс, а корисниците почнале да се шегуваат на негова сметка.

„Начинот на кој Харисон Форд превртел со очите кога Марчело го спомна е толку добар што не знам дали реакцијата е вистинска или не“, напишал еден корисник.


„Харисон Форд мрази да биде славен“, се пошегувал друга корисничка.

Трет корисник коментирал: „Изгледаше толку непријатно, тој секогаш делува како да му е непријатно.“ „На Харисон Форд не му се допадна шегата, хахаха“, заклучил уште еден гледач. Дел од корисниците се согласиле дека Форд очигледно не бил расположен за шегата на Хернандез, додека други неговата реакција ја протолкувале едноставно како типичен израз на лицето на Форд.


Зендеја се насмеала, а Форд останал без Еми

Бидејќи Форд не реагирал на поканата, Хернандез продолжил да им се обраќа на другите ѕвезди.

„Па, сакам да ја поздравам и Зендеја. Здраво, растураш, неверојатна си. Те видов и сакав да изгледам кул, но сфатив дека не можам, па би сакал да те поканам тебе и Спајдермен кај мене на вечера“, рекол тој. Камерите потоа ги прикажале Зендеја и Том Холанд, кои се насмеале на неговата шега и потврдно кимнале.


Форд на годинашното доделување на Еми наградите бил номиниран за својата прва Еми награда во кариерата. На 83-годишна возраст се натпреварувал за наградата за најдобар спореден актер во хумористична серија за улогата на д-р Пол Роудс во серијата „Shrinking“. Сепак, наградата ја освоил Стивен Рут за улогата на Вајк во серијата „Widow’s Bay“.