[ВИДЕО] Говорот на Црвенковски и денес звучи актуелно: Годините поминаа, но проблемите како да останаа исти

Точка

15/09/2026

16:31

565

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 15 септември, 2002 година, Бранко Црвенковски од говорница зборувал за проблемите со кои се соочувала Македонија.

Годините поминаа, политичарите се менуваа, дојдоа нови влади, нови ветувања и нови „подобри времиња“, но кога денес ќе се слушне говорот – човек може да помисли дека видеото е снимено минатата недела.

Темите? Познати. Проблемите? Уште попознати. А чувството дека „ова некаде сме го слушнале“ – загарантирано.

Се сменија телевизорите, телефоните станаа „паметни“, интернетот стана побрз, а политичките говори од минатото очигледно стареат подобро од очекуваното. Или, поточно, проблемите никако да остарат и да заминат во пензија.

На денешен ден бил одржан овој говор, а толку години подоцна останува прашањето: колку навистина се смениле работите? Ако судиме според кажаното – или многу малку, или сме заглавени во политичка реприза што трае со децении.