18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Макфакс

14/09/2026

13:20

235

Големина на фонт

а а а

Статијата се осврнува на трагедијата во Кочани од пред 18 месеци, каде што 63 млади животи згаснаа, а правда засега нема. Опозициската партија СДСМ ја критикува контролата на судството од страна на Мицкоски и бара одговорност за сите вклучени во настанот и други криминални дела.

Поминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени а правда нема, реагираат од СДСМ.

Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробено судство под контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што ветил – излажа“.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите, велат од СДСМ, повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

„Сега и „Газда Деко“ е на слобода.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за 5 тони дрога преку граница.

Нема одговорност за криминални тендри“.

Од опозициската партија нагласуваат дека се спасуваат градоначалници и функционери блиски до власта.

„Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и повредените во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата. Правдата за Кочани не смее да истече“.