Политичарите да ги тргнат рацете од образованието, порача Јаневска

Макфакс

11/09/2026

15:40

128

Големина на фонт

а а а

Министерката за образование Весна Јаневска истакна дека Министерството работи на проширување на капацитетите во основното училиште „Киро Глигоров“ во Центар за да се воведе едносменска настава. Таа повика на единство во образовната политика и соопшти дека процесот на оптимизација на училиштата во земјата продолжува без отпуштања на наставници.

Министерството за образование и наука се заложи да помогне за проширување на капацитетите на основното училиште „Киро Глигоров“ во Центар и навремено поднесе барање за реализација на проектот. Но, од општинската администрација добивме одобрение по повеќе од два месеци, на крајот на јули и затоа неколку дена се доцни со завршувањето на градежните работи, а дел од децата следат настава онлајн. Но, многу скоро ќе го заокружиме проектот и ќе има едносменска настава која ќе биде поквалитетна и во интерес на сите ученици.

Министерката за образование и наука

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поврзано со доградувањето на новите училници во ОУ „Киро Глигоров“ кои треба да овозможат настава во една смена за сите запишани ученици.

Ги прошируваме училишните капацитети секаде кадешто има потреба, па така и во ова училиште – единственото кое го има изградено СДСМ во своето владеење, а за кое, за жал, не предвиделе поголеми капацитети иако знаеле дека оваа општина ќе расте по бројност на население. Сега актуелната Влада тоа го прави, а на опозицијата и’ пречи зошто градиме. Ако не градевме, повторно ќе реагиравте зошто децата учат во две смени“, рече Јаневска, додавајќи дека не треба да се прави проблем таму кадешто го нема.

Порака до политичарите

Повторно упати порака политичарите да ги тргнат рацете од образованието и наместо превирања, потребно е единство во креирањето на политиките заради подобрување на резултатите кои ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА.

Затворени училишта и оптимизација

На прашањето за затворените училишта, рече дека дел се затворени поради тоа што немаат ученици, а оние со многу мал број ученици со процесот на оптимизација се споени со други училишта. Согласно податоците од УНИЦЕФ и Светска банка во земјата има вишок 1800 паралелки и 3000 наставници. Годинава споени се 430 паралелки, но ниту еден наставник не го изгуби работното место.

Предизвик во ОУ „Петар Здравковски – Пенко“

За предизвикот во ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ во општина Бутел, Јаневска одговори дека истиот е надминат и дека не се кратат паралелки, туку како и во минатата учебна година, така и оваа има 4 паралелки на албански јазик. На сите деца од општина Чаир кои веќе имаат брат или сестра во тоа училиште, дозволен им е упис.