Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Макфакс

11/09/2026

12:40

96

Големина на фонт

а а а

Во Струга на паркинг простор пред одморалиште две лица со метални предмети го нападнале маж од градот. Полицијата работи на расчистување на настанот и поднесување на соодветна пријава против напаѓачите.

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга, две лица со метални предмети го нападнале З.Б.(32) од Струга.

Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.