Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина

Макфакс

11/09/2026

11:40

244

Големина на фонт

а а а

Ученик беше избоден во средно електротехничко училиште во Загреб, а мајката го опиша шокантниот повик каде му побарала помош. Ученикот моментално е во операциона сала, додека училиштето не ѝ доставило официјални информации на мајката.

Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми.

„Синот ми се јави нешто пред 8 часот наутро и рече: ‘Мамо, повикај брза помош и полиција’“, изјави мајката на повредениот ученик за РТЛ. Таа вели дека веднаш прашала дали го удрил автомобил, на што тој одговорил: „Не, мамо, избоден сум“.

„Во тој момент ми падна телефонот. Го прашав: ‘Сине, што зборуваш?’, а тој рече: ‘Мамо, само повикај брза помош’, и потоа врската се прекина“, раскажа таа. Вели дека му се јавила назад, но наместо него се јавил наставник и рекол: „Вашето дете е избодено“.

„Никој од училиштето не ми се јави“

Жртвата е ученик во прва година средно училиште, а напаѓачот е исто така ученик во прва година. „Синот ми моментално е во операциона сала, а јас чекам во ходникот“, изјави мајката на повредениот ученик.

Првично ѝ било кажано дека синот е однесен во болницата „Клаиќева“, па таа отишла таму да го бара. Подоцна била информирана дека синот всушност се наоѓа во КБЦ Загреб. Таа тврди дека никој од училиштето официјално не ѝ се јавил за да ѝ даде каква било информација за нејзиниот син.