Венко Филипче, претседателот на СДСМ, на прес-конференција ги потврди своите зборови за изборните договори меѓу ВМРО и ДУИ и ги критикуваше политичките процеси, посочувајќи на проблемите со партиските тендери и неисполнетите предизборни ветувања.
Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочувајќи дека прашањето за изборите не е прашање на желба на премиерот, туку на политичките договори и интереси.
„Нашиот став е непроменет. Избори ќе има тогаш кога ќе снема пари? Кога ќе снема пари за партиски тендери“, рече Филипче.
Филипче посочи на милионските суми кои се трошат и најави дека прашањата поврзани со власта и нејзиното работење ќе бидат предмет на понатамошни постапки.
„Суми од 5, 10, 20 милиони евра, веројатно ќе стигнат и повиците до властите и до премиерот Христијан Мицкоски и до онаа екскурзија во Будимпешта која ќе ја забрза истрагата за кредитите од милијарда евра, кинески пари. Ние сме спремни, кога и да бидат изборите. Но, нема да даваме причина за тоа, поради тоа што изборите не се прашање на желба на премиерот, којшто има сега огромно мнозинство од две третини во парламентот, којшто требаше и можеше да заврши крупни прашања за граѓаните и за државата, а тој реши да не прави ништо“, рече Филипче.
Филипче ја обвини властта дека се занимава со партиски тендери и ги блокира процесите во државата.
„Власта реши да се занимава со криминални партиски тендери и да ги блокира сите процеси. Го блокира Европскиот пат на земјата. Што ќе се случи ако се затвори вратата за проширување во Европа, кој тогаш ќе ја преземе одговорноста. И зошто тогаш ќе одговара Христијан Мицкоски? Затоа што ќе ги загрози националните интереси“, рече Филипче.
Филипче обвини дека Владата ништо не исполни од предизборните ветувања, а најголемиот дел од програмата не е реализиран.
„Ништо од нивната програма не е реализирано. Имате една тетратка, отворете ја 1198. Што сè не изнаредија пред избори? Што сè не е остварено. Околу 5% според анализата којашто ние ја правиме“, рече претседателот на СДСМ.
Филипче додаде дека многу од работите што СДСМ ги најавуваше претходно, се покажаа како точни, вклучително и предупредувањата за тендерот поврзан со организацијата на прославата на независноста.
„Кога што гледате, многу од работите коишто ги најавувавме, еве се случија. Покажавме дека ќе биде ваков криминален тендер, поставка за организација на прославата на деловна независност, уште пред неколку месеци. Да ви потсетам, беше пролет, кога излеговме и ова го најавивме, дека спремаат проневерени пари. Го најавивме во мај месец, во јуни кога беше. Така што, еве, се излегува на виделина, ние сме спремни за изборите кога и да бидат“, заклучи Филипче.












