Врнежи, ветер и заладување за време на викендот

Макфакс

10/09/2026

11:50

178

Големина на фонт

а а а

За време на викендот се очекува променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер поради циклонска активност, како и пониски температури што ќе траат до средината на следната недела.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец (над 40 km/h).

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Во Скопје, за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.