Основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром доби нови смарт-табли кои во голема мера ќе ја подобрат наставата со воведување на современа технологија и интерактивни методи за учење. Ова го прави училиштето едно од најмодерно опремените во државата.
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.

Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.

Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици.













