СДСМ: Мицкоски не сака да го намали ДДВ-то, народот со најниски плати во Европа ќе плаќа дизел над 100 денари

Макфакс

25/08/2026

15:50

237

Големина на фонт

а а а

Цената на дизелот во Македонија надмина 100 денари за литар, што предизвикува поскапување на горивата и раст на трошоците за живот. Опозициската партија СДСМ ги обвинува политичките лидери дека не преземаат мерки за намалување на ДДВ и заштита на стандардот на граѓаните.

Дизелот надмина 100 денари за литар и за само неколку месеци поскапе за 43%, а Христијан Мицкоски не презема ништо, обвинија од СДСМ.

„Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот. Дури денеска кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари. Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%. Резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе од пред шест месеци“, велат од СДСМ.

Но,додаваат од таму, ударот не завршува на бензинските пумпи.

„Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство и нов раст на цените на храната. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани веќе оди за храна и пијалаци, потрошувачката кошничка е речиси 70.000 денари, а платите не го следат растот на трошоците. Секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Мицкоски можеше да интервенира. Можеше да го намали ДДВ за горивата и да го ублажи ценовниот удар. Одлучи да не го направи тоа. Народот ја плаќа цената за неспособноста на Мицкоски“, велат од СДСМ.