„Се обидовме да направиме сѐ...“: Се огласи човекот кој ја нашол починатата актерка Панетиер во несвест, до детаљ опиша што се случувало во станот

Точка

23/08/2026

09:29

1.353

Големина на фонт

а а а

Зак изјавил дека тројцата планирале да ручаат и да играат голф во затворен простор откако тој ќе отишол во црква. Тој кажал дека им испратил порака на актерката и нејзиниот брат додека ја напуштал црквата.

Брајан Хикерсон, партнерот на покојната актерка Хајден Панетиер, и неговиот брат Зак биле со неа кога таа починала. Зак ја пронашол во несвест додека неговиот брат спиел во друга соба. Сега тој излезе да ги открие последните моменти на покојната актерка, објавува „TMZ“.

Во изјава, тој кажал дека сака да „разјасни својата вмешаност“ во ситуацијата. Тој рекол дека таа била пронајдена во несвест во изнајмен стан во Гринвил, Јужна Каролина, во неделата. Тој се јавил на 911, додека Брајан ѝ дал Наркан, кој вообичаено се дава за да се спречат брзите ефекти од предозирање со опиоиди (како хероин, фентанил или морфиум).


Зак кажал дека тројцата планирале да ручаат и да играат голф во затворен простор откако тој ќе оди во црква. Тој додал дека им пратил порака на актерката и неговиот брат на излегување од црквата, но кога не добил одговор, се вратил во апартманот, претпоставувајќи дека заспале. Немал код за вратата, па не можел да влезе.

„Гласно тропав, што очигледно го разбуди Брајан додека двајцата дремеа на софата на расклопување во дневната соба. Кога влеговме и се обидовме да ја разбудиме Хајден за ручек, сфативме дека е во несвест. Веднаш се јавив на 911 и Брајан ѝ даде Наркан. Потоа пробавме заедно да ја вратиме со вештачка реанимација додека 911 беше на звучник и додека брзата помош не пристигна. Во тој момент, ги гледавме како преземаат секакви можни мерки за да ѝ го спасат животот“, рекол Зак.


Тој додал дека е скршен од нејзината смрт:

„Скршен сум од срце и скршен од оваа трагична и трауматска загуба. Хајден беше една од моите најмили и најблиски пријатели која ја сакав и за која се грижев во изминатите осум години. Од почит кон нејзините најблиски, шпекулациите и сензационализмот околу нејзината смрт мора да престанат сè додека фактите не се дознаат преку истрага.“

Хајден Панетиер вчера ќе го прославеше својот 37-ми роденден, а објава ѝ посвети и нејзиниот поранешен вереник и татко на нејзината ќерка Каја, Владимир Кличко.


„Денес е роденденот на Хајден. Наместо да славиме како што планиравме, денес го славиме нејзиниот живот, нејзиниот дух и љубовта што ја донесе на овој свет. Сакам да им се заблагодарам на сите обожаватели, пријатели на Хајден и на сите што ми дадоа неверојатен излив на љубов и поддршка. Во време исполнето со толку многу тага, вашата љубезност ме потсети дека сè уште има толку многу добро во човештвото. Ако го читате ова, ве молам само едно: дури и за момент, размислете за љубовта. Среќен роденден, ни недостигаш“, напиша тој на Инстаграм.