Словенец заврши во притвор во Охрид откако ја нападнал својата девојка

Макфакс

27/07/2026

14:40

342

Големина на фонт

а а а

Државјанин на Словенија е приведен во Охрид и му е определен осумдневен притвор откако физички ја нападнал својата девојка во градот.

Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е приведен и му е одреден осумдневен притвор поради сомнение дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка во Охрид.

Полицијата го провела на 26 јули околу 6:30 часот, постапувајќи по пријава дека во станот каде што престојувале во Охрид агресивно се однесувал и ја нападнал девојката.

По постапка пред Основниот суд во Охрид, на осомничениот му била определена мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.