[ВИДЕО] Украински дронови ја нападнаа Русија, погодени пристаниште и државни резерви на гориво

Макфакс

27/07/2026

11:30

147

Големина на фонт

а а а

Украина изврши напад со дронови врз неколку руски региони, погодени се трговско пристаниште, државни резерви на гориво и градови, предизвикувајќи жртви и материјална штета.

Украина во текот на ноќта изврши напад со дронови врз повеќе руски региони, при што биле погодени трговското пристаниште во Ростов, складиште со државни резерви на гориво во Удмуртија и градот Белгород.

Според руските власти, во Ростов загинале две лица, а петмина се повредени. При нападот избувнале пожари во приватна компанија и складишта, а оштетени биле и станбени објекти.

Во Удмуртија, според OSINT-анализа на Astra, цел на нападот било строго обезбедувано складиште на руската државна агенција за резерви (Росрезерв), каде се чуваат стратешки резерви на гориво. Гувернерот на регионот соопшти дека нема жртви.

Во Белгород, регионалните власти пријавија 12 повредени, меѓу кои и две деца, како и оштетени згради, возила и прекин на снабдувањето со електрична енергија и вода. Според руските власти, опасноста од нови напади со дронови и натаму трае.