Италијанската финансиска полиција заплени повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан покрај Португалија, со улична вредност од 500 милиони евра. Во акцијата се уапсени четири лица, а операцијата е координирана со шпанските и португалските власти.
Италијанската финансиска полиција денеска извести за заплена на повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај португалскиот брег. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објавува.
Кокаинот е откриен на брз чамец, а уапсени се четири лица на бродот. Станува збор за двајца Шпанци, жител на Гибралтар и албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Guardia di Finanza во соопштение објаснува како шверцерите користат вакви пловила за да преземат нелегален товар фрлен во морето од големи товарни бродови од Јужна Америка.
Операцијата е спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а истрагата е координирана од италијанските обвинители во Бреша.
„Вредноста на кокаинот на големо се проценува на приближно 78 милиони евра. Доколку дрогата стигнеше до крајниот пазар и беше подготвена за продажба, можеше да оствари профит од околу 500 милиони евра“, се вели во соопштението.
фото/Depositphotos







