Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст во болница во Португалија, објавено е во соопштението на нејзината официјална веб-страница.
Веста за смртта беше објавена како ударна информација, а беше наведено дека уметницата починала претходната ноќ додека била на лекување. Во соопштението се наведува дека починала од болеста поради која била хоспитализирана, додека дополнителни детали засега не се објавени.
„Семејството и тимот на Бони со скршени срца објавуваат дека Бони неочекувано почина претходната ноќ во болница во Португалија, како последица на болеста поради која се лекуваше. Наскоро ќе објавиме ново соопштение, но засега ве молиме за приватност за да можеме да се справиме со оваа трагедија“, порача нејзиниот тим во соопштението.
Бони Тајлер беше најпозната по песните „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It's a Heartache“, кои ја вброија меѓу најпрепознатливите гласови на светската поп и рок сцена, а го претставуваше и Обединетото Кралство на Евросонг во 2013 година.
Имено, Тајлер во мај доживеала срцев застој по итна операција на слепото црево, поради што морала да биде реанимирана. Тогаш се наоѓала во индуцирана кома на Одделот за интензивна нега во болницата во Фаро, каде што лекарите се обидувале да ја стават под контрола сериозната инфекција предизвикана од перфорација на цревото.
Лошо се чувствувала околу еден месец пред хоспитализацијата, а два дена била прикована за кревет во својот дом во Алгарве, пред нејзиниот сопруг Роберт Саливан да ја однесе во приватна болница.
По прегледот била префрлена во Фаро на итно лекување. Во средината на јуни се разбудила од кома, но и понатаму била сериозно болна.










