Захарова: НАТО ќе го користи Зеленски како топче за пинг-понг

Макфакс

08/07/2026

11:10

184

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека НАТО планира да го користи украинскиот претседател Володимир Зеленски како средство за постигнување на своите интереси на самитот во Анкара.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека земјите-членки на НАТО ќе го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за свои цели, „како топче за пинг-понг“, на самитот во Анкара.

„Тие ќе се ракуваат едни со други. Ќе го фрлаат Зеленски како топче за пинг-понг со каки боја, користејќи го за свои интереси. Сè е како и обично“, изјави Захарова за радио Спутник, коментирајќи ја улогата на украинскиот лидер на состанокот на членовите на Алијансата.

Таа, исто така, процени дека западните земји ќе го дискутираат прашањето за „тероризмот поврзан со Киев“ зад затворени врати, тврдејќи дека, како што изјави, „терористичкото чудовиште кое го негуваше колективниот Запад сега се сврте против него“.

„Оние кои ги хранеа со своја рака сега не можат да ја видат таа рака, бидејќи беше касната, а дел од неа веќе е откинат“, рече Захарова.

Фото: ЕПА