Претрес во Скопје, пронајдена дрога: Уапсен 33-годишник

Макфакс

08/07/2026

10:50

204

Големина на фонт

а а а

Во Скопје на подрачјето на Кисела Вода, при претрес во домот на 33-годишник биле пронајдени марихуана и дигитална вага, по што тој бил уапсен од страна на полицијата.

Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 33-годишниот М.Т. од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.