МВР: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Макфакс

07/07/2026

11:10

155

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи известува дека во последните две децении криминалитетот во државата е намален за 30%, со значителен успех во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и имотните кривични дела, што значи зголемена безбедност за граѓаните.

„Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати. Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%“, се наведува во објавата на Министерството за внатрешни работи.

„Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50%.

Во борбата против трговијата со дрога откривме над 1.600 кривични дела, пријавивме околу 1.900 сторители, запленивме 6,2 тони наркотична дрога, спречивме девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300%.

Паралелно со тоа, имотниот криминал е намален за повеќе од 30%, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40%, што значи поголема сигурност за секое семејство и секоја локална заедница.

Ова не се само статистички показатели. Зад секоја бројка стои спречено кривично дело, разбиена криминална мрежа, спасен човечки живот, заштитен имот и поголема безбедност за граѓаните.

Им благодарам на сите полициски службеници за нивната пожртвуваност, професионалност и посветеност. Ќе продолжиме уште поодлучно, затоа што силната држава се гради со силни институции, а безбедноста на граѓаните останува нашиот највисок приоритет“, соопшти МВР.