Во затворот во Штип, 59-годишен осуденик извршил обљуба врз друг осуденик, по што случајот е пријавен кај надлежните органи и се очекува подетално документирање и соодветна пријава.
На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено поправната установа Затвор Штип бил донесен 39 годишен осуденик од кавадаречко.
Според пријавеното, во установата 59 годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.







