Во Скопје се случи инцидент каде возач на патничко возило неколку пати удри во мотоцикл и потоа го влечеше возачот по улица, по што избегал од местото на настанот. Повредениот мотоциклист е хоспитализиран, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Мотоциклист е повреден во инцидент што се случил на улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје по претходно недоразбирање во сообраќајот, информираат од МВР.
Според пријавата, на 23 јуни во 18:20 часот, лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н. (29) од скопско, при што мотоциклистот паднал.
Откако се подигнал, според пријавеното, возачот на „пежото“ повторно го придвижил возилото и неколкупати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О. (44).

Потоа, според пријавата, Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но возилото продолжило да се движи и го влечело неколку метри, по што тој паднал.
По инцидентот, возачот на „пежото“ го напуштил местото на настанот.
Повредениот мотоциклист бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







