Лепа Брена на 29 август на Градскиот стадион во Крива Паланка

Макфакс

24/06/2026

09:10

125

Големина на фонт

а а а

Општина Крива Паланка најави голем музички настан на 29 август кога на Градскиот стадион ќе настапи Лепа Брена, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, нудејќи незаборавен концерт и феноменална атмосфера.

Општина Крива Паланка најави голем музички настани. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи најголемото музичко име на Балканот – Лепа Брена.

Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера.

„Крива Паланка уште еднаш потврдува дека е град на големи настани и незаборавни доживувања. Со особена чест ја најавуваме Лепа Брена, музичка икона која оставила неизбришлива трага на балканската сцена. На 29 август нашиот град ќе биде центар на музичките случувања во регионот и уверен сум дека сите заедно ќе бидеме дел од вечер што долго ќе се памети“, изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Тој истакна дека овој настан е уште една потврда дека градот прераснува во препознатлив центар на големи културни и музички случувања.