Поголем дел од Центар утре без вода, како и делови од Општина Гази Баба

Макфакс

19/06/2026

16:20

355

Големина на фонт

а а а

Поголем дел од Центар, како и делови од Гази Баба, ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради технички зафати на ЈП Водовод и канализација - Скопје поради дефект на водоводна линија.

Поголем дел од Центар утре ќе остане без вода, а намален притисок или без вода ќе има од Автокоманда до Камник.

„Ве известуваме дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ЈП Водовод и канализација - Скопје ќе превземат одредени технички зафати кои ќе се одвиваат 20.06.2026 година (сабота). Прекин на водоснабдување на ден 20.06.2026 година (сабота) ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните улици и објекти:

Објекти и улици кои ќе останат без вода

– Објектот на МАНУ

– Основен Суд 2

– Младински Културен Центар

– Универзитетска Библиотека

– Универзитет Св. “Кирил и Методиj”

– Трговски Центар Мавровка

– Дел од Турска Чаршија

– Саат Кула

– Ул. Петар Ѓеоргиев

– Ул. Отокар Кершовани

– Улица Адвокатска

– Бул. Крсте Мисирков (Дел)

– Крњево

– Македонска Телевизија

– Ист Гејт

– Автокоманда ниска зона до Камник намален притисок или можност за прекин на вода“, соопшти РЦУК Скопје.