Кривична пријава за жител на Миладиновци, истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште

Макфакс

16/06/2026

15:00

178

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Миладиновци за истоварување 43 буриња исполнети со амонијак на државно земјиште во атарот на селото Кукуричани, со што се загрозила животната средина.

Полицијата поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.М. од селото Миладиновци поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Според полицијата, на 12 ноември 2025 година пријавениот со товарно возило истоварил 43 метални буриња исполнети со водени раствори на амонијак на земјоделска површина во атарот на неготинското село Кукуричани.

Како што соопштија од полицијата, земјиштето на кое биле оставени бурињата е во државна сопственост.