ЗНАМ: Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест

Макфакс

16/06/2026

14:20

218

Големина на фонт

а а а

Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во чест на 12-те ваташки младинци, жртви од Втората светска војна. Настанот ја потсетува македонската јавност на страдањето и борбата за слобода и национално достоинство на македонската младина.

По повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест.

Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во Втората светска војна, кога под окупацијата на бугарските фашистички сили, младите животи беа згаснати затоа што во себе носеа идеја за слобода и припадност кон сопствениот народ.

Ваташките младинци не се само дел од историјата, туку живо сведоштво за цената што ја плаќале генерации Македонци во борбата за слобода, правда и сопствено национално достоинство. Нивната жртва останува над секоја дневна политика и претставува трајно потсетување дека слободата не се добива лесно, туку се извојува со големи жртви, болка и човечки животи.

Во време на нови политички притисоци и обиди за поинакво толкување или разводнување на историските факти, Македонија има обврска да остане доследна и обединета во одбраната на својот идентитет, својата историја и достоинството на својот народ. Движењето ЗНАМ останува цврсто посветено на негувањето на историската вистина и на почитта кон жртвата на македонскиот народ, со јасна порака дека ваквите трагедии никогаш не смеат да бидат заборавени.