Уапсен осомничениот за палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Макфакс

15/06/2026

19:48

986

Големина на фонт

а а а

Полицијата го уапси осомничениот за палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопје, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и поднесување на кривична пријава.

Полицијата го пронајде и приведе осомничениот за денешното опожарување на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е задржан во полициска станица.

При преземените дејствија била пронајдена и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

Од МВР информираат дека во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка.