Дел од Центар утре без вода од 9:30 часот

Макфакс

15/06/2026

16:20

207

Големина на фонт

а а а

Поради технички работи на улицата „29 Ноември“, корисниците во Општина Центар утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето, кој ќе започне од 9:30 часот и ќе трае додека траат работните активности.

Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „29 Ноември“ бр. 59, утре (16 јуни) ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од истата улица во Општина Центар.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.