Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава

Макфакс

14/06/2026

12:00

249

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција го критикуваше Венко Филипче и раководството на СДС, обвинувајќи ги за слугување на официјална Софија и посочувајќи ја загрозеноста на македонскиот идентитет и држава.

„Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија“ – ова денеска на прес-конференција го изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење. Дали е можно некој да е подготвен до тој степен да распродаде се свое, се македонско, дали е можно некој безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија за внесување на Бугари во Уставот, притоа знаејќи дека барањата не сопираат тука, односно дека истите удираат и по македонскиот идентитет, историја. Да, можно е, и на тоа сведочиме секојдневно, го гледаме Филипче како слугува на официјална Софија, кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија. Токму тоа го гледаме од човекот кој може да се нарече секако само не политичар кој се грижи за Македонија и граѓаните. Полтронскиот однос на Филипче кон Бугарија му се удира секојдневно од глава“, кажа Петрушевски.

Пратеникот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ја става сопствената држава пред сè останато.

„За разлика од Филипче и раководството на СДС, ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред се останато. Потоа јасно работи за доброто на секој еден граѓанин во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ јасно чекори кон исполнување на европските вредности, нивната секојдневна употреба“, заклучи Петрушевски на денешната прес-конференција.