Дуа Липа и Калум Тарнер наводно веќе следната недела ќе застанат пред олтар на луксузна венчавка во Италија.
Британските медиуми „на големо“ пишуваат за претстојната свадба на една од најпопуларните светски поп-ѕвезди и британскиот актер. По свршувачката, која со месеци беше предмет на шпекулации, парот наскоро би требало да го изговори судбоносното „да“, и тоа на тридневна прослава која би можела да собере некои од најголемите имиња на светската музичка сцена.

Се очекуваат бројни ѕвезди
Според „Сан“, гостите би требало да пристигнат во Италија уште во четврток, а прославата ќе трае три дена. Меѓу гостите наводно се пејачките Чарли Икс Си Икс и Тов Ло, додека се шпекулира дека на свадбата би можел да настапи и Елтон Џон, со кого Дуа Липа во 2021 година го сними хитот „Cold Heart“.
„Првичниот план беше да се организира интимна свадба, но сега тоа ќе биде голема и луксузна тридневна прослава“, изјавил извор за „Сан“. Според истиот извор, парот за прославата резервирал неколку ексклузивни локации, но деталите се чуваат во тајност поради безбедносни причини и големиот интерес на јавноста.

„Парот секојдневно вежба во лондонскиот клуб 180 Хаус за да биде во најдобра форма за свадбата, а Дуа им кажува на пријателите дека едвај чека да прошета до олтарот“, додал истиот извор.
Пејачката ја потврди свршувачката во разговор за британски Вог. „Да, свршени сме. Многу е возбудливо. Одлуката заедно да остариме, да го делиме животот и засекогаш да бидеме најдобри пријатели навистина е посебно чувство“, рекла таа.

Пејачката тогаш признала и дека дури неодамна почнала да размислува за венчаница. „Никогаш не сум била личност која многу размислувала за свадба или фантазирала за тоа каква невеста ќе биде. А сега одеднаш се прашувам: ’Што ќе облечам?‘“, раскажала таа.

Дуа и Калум првпат беа поврзани во јануари 2024 година, а оттогаш станаа еден од најследените славни парови на светската сцена.










