Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија: Уапсена е нејзината мајка

Макфакс

25/05/2026

15:04

3.679

Големина на фонт

а а а

Малолетничка со породилни болки е донесена на Гинекологија во Скопје, по што нејзината мајка е уапсена. Во тек е истрага од страна на полицијата и јавниот обвинител.

Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки.


Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.