[ВИДЕО] „Спуштете ги е*****е телефони“: Шерон Стоун ги изгуби нервите на Канскиот фестивал, актерката одржа остар говор

Точка

19/05/2026

19:18

710

Големина на фонт

а а а

Холивудската дива Шерон Стоун одржа емотивен и остар говор за време на гала-вечерта во рамки на Канскиот филмски фестивал, каде што предупреди на сè поголемиот недостаток на човечка поврзаност и емпатија во општеството.

Таа се појави на настанот што го организираше „Better World Fund“, организација позната по поддршката на кинематографијата и уметноста во служба на човештвото.

Стоун говорот го започна со благодарност до присутните и потсети на важноста на хуманитарната работа.


„Ви благодарам многу што дојдовте на овој прекрасен настан што го започнавме пред три години. Никогаш порано не било поважно да го правиме ова, да ги штитиме жените и децата на глобално ниво“, рече актерката.

Сепак, атмосферата набрзо се промени. Видливо изнервирана од однесувањето на дел од публиката, која за време на нејзиното обраќање користела телефони и меѓусебно разговарала, актерката во еден момент го изгубила трпението и ги повикала присутните да покажат повеќе почит и основна човечка пристојност.

„Сакам да се свртите кон личноста покрај вас, личноста што не ја познавате. Сакам да ја погледнете во лице. Направете го тоа. Спуштете ги вашите е***и телефони. Мислам сериозно, спуштете ги тие проклети телефони. Спуштете ги. Сакам да ѝ кажете дека ви е жал и дека навистина го мислите тоа, поради работите што ја повредиле, поради работите што ја прават исплашена. Сакам да ја прегрнете таа личност. Сакам да се свртите кон личноста покрај вас и да ѝ кажете дека ви е грижа“, изјави таа.


Според снимките што кружат на социјалните мрежи, Стоун нагласила дека луѓето денес сè помалку се слушаат едни со други и дека општеството станало премногу фокусирано на екраните и површната комуникација.

И покрај напнатиот момент, Шерон Стоун говорот го заврши со аплауз од дел од публиката, а нејзината порака за важноста на емпатијата и поврзувањето меѓу луѓето брзо стана една од темите на вечерта во Кан.