Формирање комисија за да одредува кој, каде и кога ќе се оперира, ќе нè врати 20 години назад, сметаат од Здружението „Здрава иднина“

Макфакс

18/05/2026

11:50

123

Големина на фонт

а а а

Здружението „Здрава иднина“ ја критикува најавата за формирање комисија која ќе одлучува кој, каде и кога ќе се оперира, предупредувајќи дека тоа ќе биде чекор назад во правата и квалитетот на кардиоваскуларната здравствена заштита и може да ги загрози животите на пациентите.

Како кардиоваскуларни пациенти и директно засегнати од квалитетот, достапноста и навременоста на кардиоваскуларните услуги во државата, јавно предупредуваме дека последните најави за формирање комисија или стручно тело кое ќе одредува кој, каде и кога ќе се оперира, претставуваат сериозен чекор назад во заштитата на правата на пациентите, сметаат од „Здрава иднина“.

Според нив, ваквиот пристап е спротивен на духот и одредбите на Европската повелба за правата на пациентите, особено на правото на пристап, правото на информираност, правото на согласност, правото на слободен избор, правото на почитување на времето на пациентот, правото на квалитетна и сигурна здравствена услуга и правото на персонализиран третман. Овие права, велат од Здружението, не смеат да бидат ограничени со административни одлуки донесени зад затворени врати.

„Нашето искуство покажува дека ваков модел не е решение. Слична комисија постоеше пред дваесетина години и беше извор на субјективни, нетранспарентни и коруптивни одлуки од личен интерес. Наместо да го заштити пациентот, таа го ставаше неговото здравје под ризик. Многу пациенти не ја дочекаа потребната согласност за операција, а одложувањето честопати имаше фатален исход“, велат од „Здрава иднина“.

Од таму велат дека сметаат дека ваква комисија нема да функционира, затоа што ќе создаде дополнителна административна бариера во ситуации кога е потребна брза медицинска одлука; ќе го ограничи правото на пациентот да избере лекар, клиника и установа во која има доверба; ќе ја намали одговорноста на конкретниот лекарски тим и ќе ја префрли одлуката на тело кое не ја носи директната клиничка одговорност; ќе отвори простор за субјективни, политички, институционални или лични влијанија врз одлуките; ќе ги казни и успешните установи кои со години покажуваат резултати, наместо системот да ги користи нивните капацитети за доброто на пациентите и