Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција: „Викенд на мртовци“ во „Киноверзум“ во Драчево

Макфакс

15/05/2026

10:30

129

Големина на фонт

а а а

Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“ во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, како дел од иницијатива за зајакнување на културната понуда и промоција на националното филмско наследство.

Општина Кисела Вода, во соработка со Македонска Радио Телевизија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“ во режија на Коле Ангеловски.

Проекцијата ќе се одржи на 16 мај 2026 година (сабота), во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот.

Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните можат да резервираат место на следните телефонски броеви: 075/380-928 (Даниела) и 071/804-474 (Верица).

Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на културната понуда во овој дел од градот, со фокус на презентација на значајни остварувања од домашната кинематографија.

Преку прикажување на етаблирани македонски филмови, општина Кисела Вода овозможува поголема достапност на националното филмско наследство за сите граѓани, наведуваат од Општината.