Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

Макфакс

13/05/2026

14:40

184

Големина на фонт

а а а

Работник на возраст од 50 години бил тешко повреден при пад од висина додека извршувал градежни активности во Кочани, по што бил пренесен на лекување во Скопје. Надлежните институции извршиле увид на местото на несреќата за да го утврдат случајот.

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина.

Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани, во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.