Ал Келаифи со посебни зборови: Тој е мојата најдобра одлука во кариерата

Дерби

07/05/2026

15:15

790

Големина на фонт

а а а

Насер Ал Келаифи дочека моменти на слава во Европа после многу тешки удари во Лигата на шампиони, па по историската титула која беше освоена минатата година, неговиот тим сега вторпат во низа ќе биде дел од големото финале.

ПСЖ вчера го елиминираше Баерн Минхен на „Алијанц арена“ и закажа финална пресметка со Арсенал во Будимпешта, а по остварениот голем успех, Ал Келаифи одново не штедеше комплименти за својата најдобар аквицизија како прв човек на ПСЖ.

Ал Келаифи купи безброј фудбалски ѕвезди во својата етапа како претседател на ПСЖ, но последните две-три години покажаа дека убедливо најдобар потег му е ангажманот на Луис Енрике.

– Луис Енрике е најдобриот активен тренер, најдобриот тренер во светот. Тој е најдобрата одлука во мојата кариера. Зборував за него 15 години наназад, секогаш сакав да го имам во мојот тим. Тој е фантастичен тренер, најдобриот тренер во светот, но и една од најдобрите личности.

– Неверојатно е како се однесува од ден во ден, како ги менаџира играчите, но и како се справува со медиумите. Француските новинари знаат да бидат незгодни, но тој е фантастичен и со нив. За мене е посебна чест што го имаме тука кај нас, тој прави да пишуваме нова историја. Тој изгради ДНК на овој клуб и тоа го покажавме и со новиот пласман во финалето. Ние немаме играчи, имаме воини на теренот, – изјави Ал Келаифи.