„Safe City“ од проект за безбедност на граѓаните, ВМРО-ОКГ го претвора во проект за контрола на граѓаните, велат од СДСМ

Макфакс

04/05/2026

17:44

189

Големина на фонт

а а а

Граѓаните добиваат лажни пораки од „Safe City“ со измами и фишинг линкови. Се шири нова голема измама преку системот што владата го промовираше како „безбеден“, велат од СДСМ.

„Ако не можат да ги заштитат податоците и системот од надворешни напади и измами, тогаш е сосема јасно зошто СДСМ се спротивставуваше на воведувањето на „Safe City“.

Ова е најдобриот доказ дека системот може лесно да се злоупотребува, вклучително и за политички цели.

Ако не можат да го заштитат од обични измами, замислете што можат да направат кога сакаат да го користат против политички противници, опозиција или несогласни граѓани.

Затоа и ја укинаа техничката влада со брзина на светлина“.

Техничката влада, додаваат од опозициската партија, беше последната брана која овозможуваше контрола и увид во работата на министерствата.

Со нејзиното укинување, оценуваат во СДСМ, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат несметано да го користат целиот систем, без опозицијата да може да влезе во министерствата и да види какви малверзации, тендери и злоупотреби се прават со парите на граѓаните.

Ова, како што велат, не е случајност туку план.

„„Safe City“ од проект за безбедност на граѓаните ВМРО-ОКГ го претвора во проект за контрола на граѓаните.

СДСМ предупредуваше од самиот почеток. Без закон за контрола на податоците, „Safe City“ не служи за безбедност на граѓаните, туку за партиска контрола и следење на опозицијата.

Денеска граѓаните го гледаат на дело.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“