До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

Макфакс

01/05/2026

07:53

826

Големина на фонт

а а а

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Времето во наредните денови

До недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура