Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Макфакс

30/04/2026

17:28

202

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа.

„Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник.

Добро е што внатре во ВМРО-ЗНАМ се наоѓаат луѓе кои ја гледаат вистината – дека оваа власт е чиста криминална организација која ја уништува државата.

На сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија – вратата на СДСМ е отворена за соработка.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!”, напиша Филипче.