„Најнормално утро во Сплит“: Баба се вози среде улица со електрична количка, снимката го обиколи регионот

Точка

29/04/2026

19:41

714

Големина на фонт

а а а

Вирално видео од Сплит прикажува постара жена која се движи со електрична количка по средината на прометна улица, предизвикувајќи бројни духовити реакции на социјалните мрежи.

Снимката од Сплит за само два дена собра повеќе од 400.000 прегледи и стана вирална на „TikTok“. Причината е необичната сцена што привлече внимание кај многумина – постара жена се вози по патот со количките, додека зад неа се создава значителна сообраќаен метеж.

На видеото, над кое стои натписот „Само во Сплит“, се гледа како жената се движи во својата лента, поблиску до средината на коловозот. Во еден момент зад неа се појавува градски автобус, додека дел од автомобилите продолжуваат да се движат, заобиколувајќи ја. Сцената ги насмеа многумина, па во коментарите се редеа реакции.


„Која е таа дива?“

„Ок брате, што е ова“, „Нема веќе што да изгуби“, „Бабо, што правиш“, „Хахахаха, ова втор пат го гледам во живот, оди бабата“, „Најјака е стварно“, „Која е таа дива?“, „Најнормално утро во Сплит“, „И јас го видов ова во Сплит“, пишуваа корисниците на „TikTok“.

Дел од коментаторите направија паралела со други превозни средства:

„Ако може тротинет, зошто не би можела и таа?“, „Кога може електричен скутер, може и моторизирана баба“, пишуваат корисниците.