Темелот на Алијансата е член 5 или колективната одбрана: Дали некоја земја може да биде суспендирана од НАТО?

Точка

29/04/2026

17:20

381

Големина на фонт

а а а

Дали една членка навистина може да биде исфрлена од НАТО од страна на друга држава и може ли претседателот на САД да ги диктира правилата на сојузот?

Претседателот на САД Доналд Трамп неодамна остро ги критикуваше НАТО сојузниците, обвинувајќи ги за неодлучност бидејќи не сакаат да помогнат во повторното отворање на Ормускиот теснец.

Овој клучен поморски премин, низ кој поминува околу една петтина од светската нафта, и понатаму е затворен поради конфликтот со Иран, што силно влијае на глобалните цени на енергенсите.

Трамп оцени дека отворањето на теснецот е „помала задача“ и се закани со преиспитување на односот на САД кон НАТО, нарекувајќи го сојузот „хартиен тигар“ без американската воена моќ.


Најголемите тензии избувнаа со Шпанија, која одби да отстапи воени бази и го обвини Вашингтон дека со нападот врз Иран го прекршил меѓународното право. Во протечени документи од Пентагон дури се споменуваше идеја за суспензија на Шпанија од НАТО.

Меѓутоа, такво нешто не е можно.

Основачкиот договор на НАТО не предвидува ниту суспензија ниту исклучување на членките.

Иако во историјата на сојузот имало сериозни несогласувања, ниту едно не довело до таков потег.

Темелот на НАТО е член 5, кој подразбира колективна одбрана – напад врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, оваа одредба се однесува само на надворешни напади и има јасни географски ограничувања, главно на териториите на членките во Европа и Северна Америка.

Член 5 бил активиран само еднаш, по нападите на 11 септември 2001 година во САД, што доведе до меѓународен ангажман во Авганистан. Тогаш бројни членки на НАТО учествуваа во операциите и претрпеа загуби.


Важно е и дека НАТО нема обврска да учествува во воени акции надвор од својата област.

Ормускиот теснец не спаѓа во рамките на колективната одбрана, ниту сојузниците беа обврзани да ги поддржат американските напади врз Иран.

Иако сојузот не е директно вклучен во конфликтот, последиците се чувствуваат, од пресретнување проектили над Турција до прекин на одредени воени мисии. Кризата веќе влијае врз глобалната економија, особено преку растот на цените на енергијата.

И покрај политичките тензии и остри изјави, правната рамка на НАТО останува јасна: членките не можат еднострано да бидат суспендирани или исклучени, без оглед на несогласувањата во рамките на сојузот.