Четиринесетгодишно дете од Гостивар ја силувало неговата 13-годишна сестра

Макфакс

29/04/2026

13:39

140

Големина на фонт

а а а

Дете на возраст од 14 години е обвинето дека ја силувало неговата 13-годишна сестра.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар побара притвор за 14-годишно дете, поради сомнение за кривично дело родосквернавење.

„Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи“, соопшти Обвинителството.

Имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави посебен предлог за определување мерка притвор за детето.