ПСЖ и Баерн Минхен го режираа најефикасното полуфинале откако најелитното натпреварување во Европа беше преименувано во Лига на шампиони, а деветте постигнати гола на „Паркот на принцовите“ послужија како фудбалски празник за секој верен фан на оваа игра.
Актуелниот европски шампион наиде на офанзивно ориентиран ривал и успеа да слави со 5:4 на натпревар на кој водеше со 5:2, а најголеми добитници од цела оваа фудбалска претстава во Париз беа искрените фудбалски фанови.
Luis Enrique ve Vincent Kompany 😅 pic.twitter.com/w625zVa5fq
— Golista (@GolistaSports) April 28, 2026
За многумина ова беше најдоброто полифинале во историјата на Лигата на шампиони, а во тој контекст одеше и изјавата на Луис Енрике по натпреварот.
Лучо нагласи дека не бил дел од повозбудлив натпревар во тренерската кариера, но исто така имаше и еден специјален момент во минутите кога даваше интервју за „Си-Би-Ес“.
Шпанецот го прекина интервјуто за да се поздрави со Венсан Компани, а двајцата режираа и уникатен момент во подтрибинскиот простор.
– Ти гледаше од горе, ти се допадна ли натпреварот, – запраша Лучо, по што суспендираниот Компани возврати.
– Не, навистина не ми се допадна, – возврати тренерот на Баерн.
Компани поради суспензија го пропушти првото полуфинале во Лигата на шампиони, но сега ќе има можност да го води својот тим кој ќе брка пресврт на реваншот во Минхен наредната среда.





