Социјалдемократската партија на Романија ја повлече поддршката за либералниот премиер Илие Боложан и побара негова оставка, најавувајќи дека ќе ги повлече своите министри, со што владата може да го изгуби парламентарното мнозинство.
Проевропската коалиција, формирана пред 10 месеци за да го ограничи растот на крајната десница, се соочува со тензии и спорови околу реформите, јави „Ројтерс“. Политичката нестабилност може да го загрози пристапот до европските фондови и кредитниот рејтинг на земјата.
Боложан најави привремени министри, додека опозицијата планира гласање недоверба во мај. Доколку биде изгласана, владата би паднала и би следеле преговори за нова коалиција.
Претседателот Никушор Дан повика на продолжување на коалицијата и ја исклучи можноста за влада со поддршка од крајната десница.
Агенциите предупредуваат дека без реформи до август, Романија може да изгуби околу 11 милијарди евра од европските фондови







