ЗНМ: Дувњак беше препознатлива по својата аналитичност и посветеност, уживаше голема почит меѓу колегите и јавноста

Макфакс

21/04/2026

10:35

284

Големина на фонт

а а а

Здружението на новинари на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Гордана Дувњак.

„Како долгогодишен член на ЗНМ и поранешен член на Советот на честа при ЗНМ, таа активно придонесуваше во унапредувањето на етичките стандарди во новинарството и заштитата на професионалните вредности.

Колешката Дувњак остави зад себе богата професионална кариера и неизбришлива трага во македонското новинарство. Својот професионален пат го започна во 1988 година, а низ децениите работеше во највлијателните медиуми во земјата, меѓу кои Македонската радио-телевизија, „Нова Македонија“, „Утрински весник“, Макфакс и неделникот „Фокус“, каде што беше ангажирана во последните години од својата кариера.

Дувњак беше препознатлива по својата аналитичност и посветеност, особено во известувањето за правосудниот систем. Таа уживаше голема почит меѓу колегите и јавноста, како новинарка со висок професионален интегритет и силно чувство за одговорност.

Нејзиниот придонес кон новинарската професија ќе остане трајно запаметен. Нека почива во мир“, се наведува во соопштението на ЗНМ