Почина новинарката Гордана Дувњак: „Се одјави нашата мајка, жена, кралица...“

A1ON.MK

21/04/2026

09:11

1.216

Големина на фонт

а а а

По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа почина на 61-годишна возраст.

Својата новинарска кариера Дувњак ја започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година била дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следуваше нејзиниот долгогодишен ангажман во „Утрински весник“, каде работеше како новинарка и уредничка од 1999 до 2017 година.

Професионалниот пат го продолжи во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година беше дел од неделникот „Фокус“.


Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син Мартин Дувњак.

„Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. Жена која што не ја сакаше и почитуваше само тој што ја немаше запознаено. Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата и став“, напиша тој.

Погребот ќе се одржи утре (среда) во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.