Халанд му испрати порака на Габриел откако водеа жестока „војна“ на теренот: Не сум таков човек

Дерби

20/04/2026

12:44

867

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд со голема сатисфакција и одредена доза на иронија ја славеше победата над Арсенал по последниот судиски свиреж, нешто што беше последица и на жестоките дуели кои ги имаше со стоперите на гостинскиот тим во текот на сите 90 минути.

Норвешкиот напаѓач водеше посебно цврста битка со Габриел и во неколку наврати беше тегнет од противникот, а во самиот финиш, двајцата се најдоа во ситуација која предизивка и мешаница на теренот.

Халанд го оттурна Габриел од себе по еден дуел на средината на теренот, по што Бразилецот ризикуваше да добие и црвен картон бидејќи замавна со глава и го допре напаѓачот.

Ерлинг реши да не прави театар и остана на земја, а се чини дека само поради тој потег, Габриел избегна исклучување.

– Ако паднев на земја, тоа ќе беше црвен картон. Се додека некој не ме нападне и ме бутне на земја, јас нема да се преправам во нешто што не сум. Нема да паѓам на земја така лесно за да изнудам штета за ривалот. Да бидам искрен, од цела ситуација не ми е јасно само зошто добив и јас жолт картон.

– Габриел е извонреден играч и секогаш има вакви битки на теренот, секогаш има и тепање на вакви дуели, но во Премиер лигата малку и се претерува. Не треба јас да одлучувам, другите треба да одлучат дали јас го добив денешниот дуел на теренот, – изјави Халанд.