Дојави за бомби во „Ист Гејт“ и „Дајмонд“, полицијата утврди дека биле лажни

Точка

19/04/2026

13:04

343

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска примило дојави за поставени бомби во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје.

Според информациите од МВР, на 19.04.2026 година на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се тврди дека во двата трговски центри има поставено експлозивни направи.

Веднаш по пријавите, полициските служби презеле соодветни мерки и активности, извршени се проверки во и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Надлежните институции апелираат до граѓаните да останат смирени и да ги следат официјалните информации.