Полуфиналистите од Лигата на шампионите до врв ги наполнија клупските каси

Макфакс

16/04/2026

11:33

634

Големина на фонт

а а а

По синоќешните реванши од четвртфиналето, познати се сите полуфиналисти од Лигата на шампионите. ПСЖ, Баерн, Атлетико Мадрид и Арсенал ќе се борат за титулата европски шампион.

Првите натпревари од полуфиналето се закажани за 28 и 29 април, додека реваншите се играат една недела подоцна.

Во првата средба, ПСЖ ќе го пречека Баерн, а Атлетико ќе биде домаќин на Арсенал.

Со влегувањето во оваа фаза од натпреварувањето, четирите клуба обезбедија огромен финансиски профит.

УЕФА го зголеми наградниот фонд за оваа сезона. Баерн досега заработи најмногу, дури 127,3 милиони евра, што е веќе блиску до вкупната заработка на ПСЖ минатата сезона од 144 милиони евра.

Арсенал е на второто место со 124,7 милиони евра, по што следуваат ПСЖ со 120,9 евра и Атлетико Мадрид со 104,2 милиони евра.

Износите ги вклучуваат наградите од УЕФА за секоја фаза од натпреварувањето што ја поминале клубовите, приходите од маркетиншки права, како и бонусите врз основа на петгодишниот и десетгодишниот коефициент на клубот.