Ноќеска запалени три автомобилa на Бит-пазар

Макфакс

11/04/2026

14:25

152

Големина на фонт

а а а

Три автомобилa се изгорени ноќеска на Бит-пазар откога настанал пожар во едниот од нив. Пожарот го изгаснала скопската Бригада за противпожарна заштита.

„Во 04:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило ’форд’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.М.(58) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило ’бмв’ и патничко возило ’фолксваген голф’, двете со скопски регистарски ознаки. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат“, соопшти МВР и извести дека увидот е веќе направен.